Херојство со трагичен крај: Без размислување скокнал во морето и спасил три деца, но неговите останале без татко – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 9:47 AM

Херојство со трагичен крај: Без размислување скокнал во морето и спасил три деца, но неговите останале без татко

Полјакот Марќин Колчински сезонски работел во холандското приморско место Јилианадорп, а деновиве го загуби животот спасувајќи три деца што се давеле. Во критичниот момент тој само што почнал телефонски да разговара со сопругата Моника кога видел дека децата се во неволја.

„Чекај, гледам таму некои деца во морето, мислам оти нешто не е во ред“, и’ рекол на сопругата и го прекинал разговорот.

Веднаш се фрлил во морето, децата ги спасил, но притоа тој го загубил животот.

Како што пренесува „НЛ тајмс“, триесетгодишниот Колчински зад себе оставил три деца и сопругата Моника. Бидејќи семејството нема многу пари, пријатели на социјална мрежа упатиле апел за помош за барем да се покријат трошоците за погреб. Но, одѕивот бил голем, па до сега се јавиле 16.000 луѓе, кои за храбриот и хуман Полјак донирале повеќе од 300.000 евра.