Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, особено на брендирани продавници. поради извештаите дека полицијата наводно застрелала еден човек.
Началникот на полицијата Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20 до 6 часот, а големо полициско присуство ќе има до понатамошно известување. Тој истакнал дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен. На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.
Чикашката полиција вчера уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полицијата. Таа пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови. Вкупно 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.