Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Максималната температура до 35 степени. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
И во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.



