Членовите на Тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На новинарите им било речено да ја напуштат просторијата
– Имаше пукање пред Белата куќа – рече Трамп, заблагодарувајќи се на Тајната служба за брзата реакција, пренесува Раша Тудеј, според која вооружени припадници на тајната служба биле видени како патролираат пред Белата куќа, а новинарите биле изненадени кога им било наредено да ја напуштат просторијата каде се одржувала прес-конференцијата.
Според првите информации, едно лице е однесено во болница, но не се знае во каква состојба е.
Но, набргу потоа по пукањето што се случи пред Белата куќа, а заради што Тајната служба го извади американскиот претседател Доналд Трамп од прес-конференцијата за вирусот корона, Трамп се врати и кратко објасни што се случува.
– Имаше пукање пред Белата куќа. Тајната служба го состави целиот извештај за тоа што се случи – рече Трамп.
На прашањето дали е вознемирен од тоа што се случува, тој одговори со прашање.
TRUMP EVACUATED from White House press briefing room by US Secret Service. An agent locked the briefing room doors from the exterior. pic.twitter.com/El9Xi4lAlE
— Jennifer Jacobs (@JenniferJJacobs) August 10, 2020


