(Видео) Хаос во Белорусија- Во Минск загинати, повредени и илјадници уапсени – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 10:50 PM

(Видео) Хаос во Белорусија- Во Минск загинати, повредени и илјадници уапсени

Експлозии се слушаат во центарот на Минск, главниот град на Белорусија, јавуваат светските агенции. Еден автобус бил запален од факел, а медиумите јавуваат дека има загинати, бројни повредени и илјадници уапсени.

Во центарот на главниот град на Белорусија има голем број демонстранти. Тие започнаа да подигнуваат барикади малку порано.  Колона возила на специјалните сили се движи во правец на овој дел од градот.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека со демонстрантите на протестите управувале телефонски разговори од Велика Британија, Полска и Чешка.

Лукашенко објасни дека претседателските избори се одржувале како празник, но се појавиле оние што сакале да ги расипат.