На средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети што се одржа попладнево не е постигнат договор за формирање влада, но разговорите ќе продолжат следните денови.
„Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор помеѓу двете страни со коишто разговаравме. Логично разговорите ќе продолжат следните денови и верувам штом имаме каков било исчекор којшто ќе можеме да го споделиме со граѓаните веднаш тоа ќе го направиме преку вас медиумите“, изјави Заев по средбата.
Тој повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати денеска Ахмети до лидерите од албанскиот политилки блок по повод годишнинатата од Рамковниот договор, порачувајќи дека таква средба може да имаат и претставниците од како што вели неалбанските граѓани. Ако е поводот Охридскиот договор, потенцира, таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Дадов коментар на директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го чувствувам како притисок. Понатаму нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани во државата, од неалбанската етничка заедница, значи може и тие да се соберат. Значи, можеме ние и со претставнкици на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ и со турските партии и слично, треба да се вди грижа и за тоа. Ако е поводот Охридскиот рамковен договор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму“, рече Заев.
МИА