Освежителна лимонада за топење на килограмите – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 5:07 PM

Освежителна лимонада за топење на килограмите

Доколку се приготви правилно, лимонадата може да се претвори во моќен напиток за губење на килограмите.

Ако се земе предвид дека зелениот чај содржи до 100 мг кофеин и 300-400 мг полифенол, јасно е зошто голем дел од нутриционистите го препорачуваат. Имено, кофеинот го поттикнува варењето, па пиејќи ваков чај повеќе пати во текот на денот, си создавате можност самите на себе за поздраво слабеење. Тој го намалува нивото на холестерол, го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќер во крвта и дава чувство на ситост. Истовремено, Ц витаминот му помага на телото во согорувањето на мастите, а лимонот е еден од неговите најдобри извори.

На губењето на килограмите влијаат и медот и циметот. Кога се користат заедно тие го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат желбата за храна. Медот помага во стабилизацијата на шеќерите во крвта, а слично делува и  циметот, па препорачливо е да го додадете секаде каде што можете: во кафе, чај, смути, па и супа.

Сега замислете ги сите овие состојки здружени во борбата против вишокот килограми. Секојдневно пијте лимонада со зелен чај и ќе бидете пријатно изненадени.

Потребно ви е:

2 шолји вода

1 филтер ќесичка зелен чај

2-3 лажички мед

кора и сок од еден лимон

цимет

Подготовка: Наведената количина вода ставете ја во тенџере и изрендајте ја кората од лимонот, кој преходно добро сте го измиле. Ставете го циметот, поклопете и оставете да зоврие. Тргнете го тенџерето на страна и во него ставете ја ќесичката со зелен чај. Откако ќе поминат 3-5 миути додадете го сокот од лимон, но и медот. Ставете го напитокот во фрижидер и откако ќе се олади уживајте во неговиот вкус.

 

Фото: steemit.com

Извор: zenskikutak.rs