Сладоледот помага во одржување на телесната тежина – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 1:13 PM

Сладоледот помага во одржување на телесната тежина

Слаткиот замрзнат десерт – сладолед може да нè освежи, но исто така има стимулирачки ефект врз нашето здравје. За многумина, сладоледот е омилен десерт, и покрај тоа што нè лади во текот на летото, може многу да придонесе за нашето подобро здравје.

Богат е со калциум
На возрасните луѓе имаат потреба околу 1.000 мг калциум на ден, додека бремените жени и деца имаат зголемена потреба за овој минерал. Покрај млекото и слатката павлака како основна намирница за производството на сладоледот, оваа намирница добро ќе служи како и еден од изворите не само на калциум, туку и на витамин А и витамин Б.

Помага и во одржување на телесната тежина
Поради процентот на шеќер и млечна маст, овој десерт, идеално изладен на минус шест степени Целзиусови, се смета за добар „убиец“ на линијата. Сепак, некои студии тврдат дека калциумот ја намалува неговата калориска вредност, што е помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ.

Богат е со витамини и антиоксиданси
Овошниот сладолед направен од замрзнато или свежо овошје содржи многу витамини, додека сладоледот со вкус на кафето и чоколадо, доколку се подготвува од вистинско кафе и какао, обезбедува доволна доза на антиоксидантниот полифенол, кој го штити срцето.

Преземено од: pressonline.r