Кога телото се бори со недостаток на железо, најдобро е да се свртиме кон здрава исхрана и природни лекови. Ако сте исцрпени, бледи, брзо се заморувате, лесно губите воздух и се чувствувате слаби, треба да го проверите нивото на железо во крвта, бидејќи е многу можно да страдате од анемија.
Анемијата е честа болест кај децата и жените, особено на оние во репродуктивна возраст. Се лекува под надзор на лекар, но природните лекови само ќе го забрзаат процесот на заздравување, затоа подгответе медицински чај од орев.
Потребни ви се 20 грама свежи лисја од орев и литар вода.
Варете ги листовите од оревите во вода околу 15 минути, а потоа процедете.
Пијте по една чаша пред ручек секој ден и наскоро ќе ги видите резултатите, не само на лабораториските наоди, туку генерално ќе се чувствувате подобро.
Преземено од: http://www.pressonline.rs/