Оставете ги децата да се извалкаат во кал, здраво е за нивниот имун систем – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 12:40 PM

Оставете ги децата да се извалкаат во кал, здраво е за нивниот имун систем

Децата сакаат да трчаат насекаде и да играат во кал, а како што покажауваат бројни студии, децата се поздрави и поотпорни на бактерии, ако малку се тркалаат во прашина и нечистотија. Една студија покажа дека ризикот од развој на астма и алергии кај бебињата кои биле изложени на микроби, нечистотија и бактерии во најраниот период е помал.

И научникот Џек Гилберт, автор на „Нечистотијата е добра: Предност на микробите за имунолошкиот систем на вашето дете во развој“, смета дека ако родителите постојано ги чуваат своите деца од изложеност на нечистотија, тоа навистина им прави повеќе штета отколку добро.

Тој на пример, одлучил на своето дете, да утврди колку е здрава нечистотија со изведување на мал експеримент.

„Отидовме надвор и мојот син играше во кал, но веднаш штом се извалка, носевме влажни марамчиња или антибактериски средства за дезинфекција на рацете, така што нечистотијата не би завршила близу неговото лице“, рече тој, додавајќи дека истото важи и за играње со домашните миленичиња.

„Секако дека е во ред да ги миете рацете после играње со куче, но ако кучето го лиже лицето на детето, не е толку опасно како што мислат многу луѓе“.

Зошто треба да им дозволите на малите деца да се извалкаат?

Пред се, ризикот од алергии се намалува. Иако развојот на технологијата овозможи подобар животен стандард, тој го загрози имунитетот на децата.

“Порано јадевме повеќе ферментирана храна што имаше бактерии. Дозволено им беше на децата да бидат во близинана животни, растенија, кал и почва на дневна основа. Сега, поминуваат повеќе време во затворено. Ги чистиме сите површини што се на дофат, и затоа имуниот системот кај децата е се повеќе чувствителен.

Тој посочи дека родителите мора да го подобрат имунитетот на своите деца со тоа што ќе престанат да трчаат по нив со влажни марамчиња во рацете. Исто така, ги советува родителите да им обезбедат на своите деца доволно зелен листест зеленчук и растителни влакна и да го намалат внесот на шеќер колку што е можно повеќе.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/