Еден загинат, десетици ранети и повредени, стотина приведени на протетите во главниот град на Белорусија – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 11:45 AM

Еден загинат, десетици ранети и повредени, стотина приведени на протетите во главниот град на Белорусија

Момче ноќеска загинало откако на него налетало специјално возило за растерување демонстрантни на белоруската полиција, а во растерувањето на демонстрантите во Минск има десетици ранети и повредени, пренесуваат повеќе медиуми повикувајќи се на белоруската невладина организација „Весна“.

Во Минск, главниот град на Белорусија, од полицијата биле уапсени повеќе од 110 демонстранти, а вкупно во Белорусија, по вчерашните избори на кои пак победи Лукашенко, ноќеска биле приведени 213 луѓе.

„Сите противправни дејства беа со закани и со насилство кон припадниците на полицијата, од кои десетици се повредени“, велат од Истражниот комитет на Белорусија, кој најавува кривични пријави за „масовни нереди и насилство кон полицијата“, пренесува агенцијата БЕЛТА.

Според опозициски извори, на протестите во Минск ноќеска имало околу 100,000 луѓе.