Населението се евакуира, ерупција на вулкан во Индонезија (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 11:35 AM

Населението се евакуира, ерупција на вулкан во Индонезија (ВИДЕО)

Индонезискиот вулкан Mount Sinаbung на Суматра во понеделникот со громогласен звук, избувна со втора ерупција. Во последните три дена исфрлил пепел со висина од пет киломтери и целата област била покриена со темен облак, раскажуваат очевидци.

Ерупцијата на Синaбунг следела по една година како неактивен вулкан, а втората се случила во саботата кога властите ги предупредиле граѓаните и туристите на можноста од исфрлање на лава.

На драматичната снимка од утринската ерупција, што ја снимиле граѓаните се гледа голем облак со густа пепел која се крева над врвот од планината во Карна северот од Суматра, висока 2460 метри.

„Звучело како удар од гром, а траело нешто повеќе од 30 секунди“, изјавил во телефонски разговор за Ројтерес локалниот жител, Fachur Rozi Pasi.

https://www.youtube.com/watch?v=lN9AndaREJs

На жителите и туристите препорачано им е да бидат на одалеченост од радиус од 3 километри, да носат заштитни маски со цел да се заштитат од вулканската пепел, стои во препораките на Агенцијата за вулканологија и ублажување на геолошката катастрофа.

Засега нема информации за човечки жртви, а од агенцијата за цивилно воздухопловство изјавиле дека летовите и понатаму се одвиваат непречено.

Над Синабунг се создал мрак, а ерупцијата била поголема од онаа пред два дена, раскажал очевидец.

Синабунг се наоѓа во една од најактивните вулкански земји во светот. Со години не бил активен, со што повторно еруптирал во 2010 година.

Индонезија е сместена на Пацификот, област позната по сеизмичка активност и вулканска ерупција. На нејзина територија се наоѓаат околу 130 активни вулкани.

Преземено од: http://hr.n1info.com/