Педро се збогува со Челзи, Рома е неговиот следен избор – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 11:07 AM

Педро се збогува со Челзи, Рома е неговиот следен избор

Уште од пролетта беше извесно дека во Челзи ќе се случи мини-револуција и дека подмладениот тим дополнително ќе се надоградува со нови, млади и талентирани фудбалери во европскиот фудбал.

Мароканецот Зијеш и поранешниот шпиц на Лајпциг, Тимо Вернер, беа првите засилувања на Френк Лампард во нападот, а самото тоа значеше дека одредени играчи во нападот на „сините“ ќе станат вишок. Шпанскиот интернационалец Педро беше еден од првите за кои се знаеше дека нема да го продолжи договорот со Челзи и кариерата ќе ја продолжи во друг тим. Иднината на Вилиан беше идентична, но двајцата покажаа почитување кон клубот и во овие вонредни околности, иако договорите на први јули им истекоа, тие продолжија со игри за екипата на Челзи до истекот на оваа сезона.

Во финалето против Арсенал во ФА Купот, Педро влезе од клупата и заработи повреда на рамото во последните минути од мечот, повреда која ќе го оддалечи од терените пет-шест недели и ќе го пропушти тимот почетокот на сезоната со неговиот нов клуб, италијанска Рома.

После пет успешни години во Лондон, Педро на 33 години пронајде нов предизвик во Сериа А, во надеж дека ќе биде една од главните перјаници на тренерот Фонсека во 2020/21.

Педро во Рома ќе премине како слободен играч.