Полицијата во Хонг Конг го уапси медиумски магнат и демократски активист, милионерот Џими Лаи, обвинувајќи го за договор со странски сили според законот за национална безбедност, воведен од Кина во јуни годинава.
„Џими Лаи беше уапсен поради договор со странски сили“, изјави утрово Марк Симон, извршен директор на медиумската компанија на Лаи, „ Next Digital“.
Лаи е еден од истакнатите продемократски активисти во Хонг Конг и жесток критичар на Пекинг, кој воведе новиот закон за Хонг Конг на 30 јуни, предизвикувајќи осуда од западните земји.
Актот за национална безбедност предвидува казни за она што Кина го смета за субверзија, отцепување, тероризам и дослух со странските сили.