Кавадарчанец заработи кривична пријава, бидејќи наместо во изолација тој се шетал, потврдија од полицијата. Истиот ќе биде спроведен во државен карантин во траење од 14 дена.
„Вчера во 17.00 часот на улица во Кавадарци, при контрола на С.А.(53) утврдено е дека, и покрај издаденото Решение за самоизолација од ДСЗИ Велес, со времетраење од 01.08.2020 до 14.08.2020, истиот не се придржувал по него, со што сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот Закон на РСМ. Против лицето е поднесена Кривична пријава, а на истиот му е одреден 14-дневен карантин во хотел определен од Владата на РСМ“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Во Кавадарци веќе неколку дена во континуитет се зголемува бројот на позитивни случаи на ковид 19.
Ангел Данов