Болничар во Италија украл паричник од починат од Ковид-19, потрошиле илјадници евра со девојката – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 10:07 AM

Болничар во Италија украл паричник од починат од Ковид-19, потрошиле илјадници евра со девојката

Во најголемиот ек на пандемијата на коронавирус во Италија, болничар во болницата во Бергамо украл паричник од 66-годишен маж заболен од Ковид-19 и му ја испразнил сметката.

На 14 април пациентот починал од последиците од вируссот, а болничарот само за неколку дена потрошил 6.000 евра од неговата заштеда.

Семејството на починатиот забележало дека се случува нешто чудно и пријавило во полиција. По истрагата, полицијата прд два дена го уасила 40-годишниот болничар и неговата 21-годишна девојка, која исто така уествувала во кривичното дело.

„Една многу лоша приказна во трагичен момент – искористување на лице кое не е во состојба да се брани, жална приказна“, изјавил командантот на полицијата во гратчето Романо ди Ломбардија, Арканѓело ди Нардо.