Лилард со 51 поен ја уништи Филаделфија и ги остави Блејзерс во игра за плејоф – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 10:02 AM

Лилард со 51 поен ја уништи Филаделфија и ги остави Блејзерс во игра за плејоф

Популарното „интернет тролање“ на социјалната мрежа „Инстаграм“ од страна на Пол Џорџ и Патрик Беверли, по победата на Клиперси над Портланд Блејзерс, се чини како да ја разлути ѕвездата на тимот од Портланд. Поразот од екипата на Док Риверс значеше дека Лилард, Си Џеј, Нуркиќ и останатите за првпат после седум години нема да играат во плејоф завршницата на НБА.

Сепак, на крајот последниот збор има Демиан Лилард. Портланд успеа да ги победи недефинираните сезонава Сиксерси и да остане во игра за финалната фаза на најсилното светско кошаркарско натпреварување. И не само тоа, победата на Сиксерси значеше и автоматско испаѓање од трката за плејоф на два конкуренти од Западот, Сакраменто Кингс на Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица и Њу Орлеанс Пеликанс на Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм и Лонзо Бол.

-Јас ментално ги уживам овие натпревари. Гледаш како луѓе „се кршат’. Доаѓаш до точка каде што можеш да туркаш уште повеќе и да бидеш целосно фокусиран. Сакам да ја зграбам предноста, бидејќи знам дека ќе бидат тука целото време физички и ментално, изјави Лилард после победата.

Со 124 поени наспроти 121 на Филаделфија, Портланд издвојува тешка и исклучително важна победа, која го остава во игра до самиот крај, заедно со Сан Антонио Спарс. Лилард влезе во историјата како осми играч кој минимум петпати постигнал 50 или повеќе поени.

И навистина на мака се познаваат јунаците. Кога е најпотребно „Dame Time“ стапи на сцена и го урниса амбициозниот тим на Сиксерс, ги елиминира Кингс и Пеликанс ја оживеа приликата за настап на завршницата во „баблот“ во Орландо, Флорида.

Мемфис токму на Флорида е непрепознатлив и навидум стабилното осмо место до прекинот на НБА лигата поради пандемијата на коронавирусот, сега е на тенки нозе и под опасност од преземање на Портланд, Сан Антонио Спарс или пак Феникс Санс.

Портланд се наоѓа на деветтата позиција на Западот со „половина меч“ заостаток од Гризлис, а за исто толку е во предност пред Спарси. Во пет одиграни меча во „баблот“, Феникс Санс кој според многумина не ни требаше да се најдат и да бидат повикани во Орландо, имаат фантастичен скор од 5-0 и од „никаде“ се појавија во конкуренција за осмото место.

Лилард не само што влезе во историјата, туку Лилард влезе во историјата со стил и во одбрано друштво. Коби Брајант, Мајкл Џордан, Џејмс Харден, Вилт Чемберлејн, Карим Абдул-Џабар, Рик Бери и Елгин Бејлор, единствените се кои постигнале минимум 50 поени на пет или повеќе натпревари.

-Тој зема само лоши шутеви. Но за наша среќа, тие некако влегуваат во кошот, се пошегува после мечот центарот на Блејзерси, Јусуф Нуркиќ.

Во сенка на Лилард претходната вечер беше Кармело Ентони. Тој стана петнаесеттиот кошаркар на all-time скорери.