Од Туристичките агенции, велат дека плажите во соседна Албанија се полупразни, оваа дестинација можеби е најповолна во време на коронавирусот, ако знаеме дека плажите се огромни и тоа е голема можност за одржување на потребната физичка дистанца.
Здравствените работници пак, велат дека секое одење на плажа е ризик. Таму задолжително треба да се почитуваат здравствените препораки.
И додека ризикот за одење на плажа е голем, Шара нуди одлична можност за добар одмор во летниот период со свежи температури и добри места кои можат да се посетат. Но, навиката и традицијата на лето да се оди на море или езеро се уште е присутна кај домашните туристи. Попова Шапка или воопшто Шара и во овој период од годината е речиси празна.
Зоран Димовски