Трудница предизвика хаос среде венчавка: Го обвини младоженецот дека носи негово бебе (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 9:23 AM

Трудница предизвика хаос среде венчавка: Го обвини младоженецот дека носи негово бебе (ВИДЕО)

Венчавката во Детроит која требало да биде интимна за младенците, семејствата и пријателите, одеднаш се претворила во вистинска драма. Една личност која се нафрлила на младоженецот се претворила во шоу програма, а видеото од овој момент има милионски прегледи.

Младенците стоеле под украсен олтар подговени да ги закажат заветите и нивното судбоносно „да“ кога во нивна близина се појавила една бесна жена која му се нафрлила на младоженецот.

„Ентони! – Се правиш дека не ме познаваш? – Денеска не се напи од своите лекови? – Ентони! – Знам дека ме слушаш, носам твое дете“, викала жената.

Тука се случил моментот на кулминација кога една девојка ќе го фрли цвеќето кон жената која предизвика хаос на венчавката.

Ова видео е објавено на социјалната мрежа TikTok и не е познато каков епилог имал овој љубовен триаголник, но затоа пак видеото го прегледале дури 9 милиони корисници.

@danielleondemand

Pregnant 🤰🏾side chick crashes wedding #foryoupage #drama #wedding #sidechick

♬ original sound – DANIELLE ON DEMAND

Преземено од: https://www.srbijadanas.com/