Лица со фантомки на протестот фрлале камења кон полицискиот кордон, деветмина приведени – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/18 11:33 AM

Лица со фантомки на протестот фрлале камења кон полицискиот кордон, деветмина приведени

Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски –  фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон.

– Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена парк. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети, соопшти МВР.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: МИА