Триесет и седумгодишната родилка што беше заразна со коронавирус почина вчера во Сараево. Младата жена во 35. седмица од бременоста беше примена во болница поради тешката клиничка слика, пишуваат босански меиуми.
Лекарите дозволиле бременоста да се развива до минималната зрелост на бебето, а потоа породувањето го извршиле со царски рез. Детето се роди здраво и без симптоми на корона.
Починатата е Белма Шољанин, лекарка, хуманистка, директорка на Институтот за мајка и дете, која пред три дена роди син, кој не е позитивен на корона, а, освен Белма, позитивни на Ковид-19, во моментот биле нејзиниот сопруг и двете ќерки.