Време: Од денеска летото се враќа – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 5:51 AM

Време: Од денеска летото се враќа

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне на места ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североистокот. Максималната температура до 34 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.