Три едноставни правила кои можат да ви го променат животот – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 5:50 PM

Три едноставни правила кои можат да ви го променат животот

Со цел да го промените вашиот живот од корен не мора да правите драстични промени. Понекогаш доволно е во вашиот живот да вклучите неколку едноставни, но многу корисни навики кои вам ќе ви помогнат да станете по смирени и среќни.

Оваа вежба ги ублажува депресивните симптоми, опушта, помага при несоница, ја намалува анксиозноста и раздразливоста. Кога редовно се изведува, позитивниот ефект трае долго.

Прв чекор
Пред да заминете во кревет, обидете се да се ослободите од негативните мисли. Замислете ги вашите грижи како цигла која ќе ја скршите. Оваа вежба, на прв поглед звучи банално, но ако ја користите секоја вечер ќе забележите како негативните мисли полека исчезнуваат. Исто така, пред да заспиете фокусирајте се на дишењето кое дополнително ќе ве опушти.

Втор чекор
Обрнете внимание на три пријатни работи кои во текот на денот ви се случиле. Може да бидат големи или мали, главната работа е вам да ви дадат позитивно чувство. На пример, на работа ве фалеле, вашето дете ви кажало дека ве сака, чувствувате задоволство од својата работа.

Трет чекор
Замислете како вашиот мозок формира нови текови низ кои поминува среќа. Додека психолошки вежбате, замислете дека хормонот на радоста создава мали реки кои се поврзуваат во големо езеро од среќа. Ако секоја вечер заспивате со овие позитивни мисли, ќе забележите голема разлика во животот.

Постепено ќе сфатите дека она што носи вистинска радост и среќа не зависи од богатството, успесите, кариерата и јавното внимание.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/