Направете домашен сок од малина – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 4:56 PM

Направете домашен сок од малина

Сокот од малина може да се подготви на повеќе начини, а рецептот кој овде ќе го најдете е еден од најздравите бидејќи не се додава шеќер. Многу брзо и едноставно се подготвува, а притоа нема да извалкате многу садови.

Состојки:
3 килограми малини
3 лимони
1,5 – 2 литри вода

Подготовка:
Потрудете се да најдете што позрели малини кои добро ќе ги измиете, отсранете ги зелените делови. Ставете ги во длабок сад за готвење и стиснете ги да пуштат сок. Лимонот измијте го добро, не го лупете, исечкајте го на кругови и додајте го во садот со малини. Мешавината полијте ја со вода и оставете ја на тивок оган да зоврие. Кога ќе зоврие, потребно е сокот да се излади за да можете да го исцедите низ цедалка или газа. Исцедениот сок ставете го во чисти шишиња и херметички затворете ги. Шишињата ставете ги во длабок и поголем сад за готвење во кој ќе ставите вода до врвот на шишињата. Почекајте водата за зоврие и оставете ги уште десет минути да вријат. Шишињата извадете ги од садот, избришете ги и чувајте ги на ладно место.

Напомена:
Во сокот може да додадете мед, кафеав шеќер или некој друг засладувач. За освежување на вкусот ставете неколку коцки мраз.

Преземено од: https://www.republika.rs/