Балет под маски, вака се подготвува балетската премиера „Болеро“ -Морис Равел (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 4:40 PM

Балет под маски, вака се подготвува балетската премиера „Болеро“ -Морис Равел (ФОТО)

Националната опера и балет објави фотографии како течат подготовските за балеткста премиера „Болеро“ – Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова. Каде како хаштаг стои #БалетПод Маски.

Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ 2020 со „Гала оперски концерт“ и балетската премиера „Болеро“ – Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова на 13 -ти (четврток) август со почеток во 22 часот на сцената Долни Сарај, Охрид.

Диригент на балетската претстава ќе биде Бисера Чадловска, а како дел од гала оперскиот концерт настапуваат: Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас. Дел од балетска премиера „Болеро“ – Морис Равел, како женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и оркестарот на Национална опера и балет.
Концерт мајстор: Верица Ламбевска, кореограф: Саша Евтимова, режисер: Дејан Прошев, костимограф: Марија Пупучевска и светло дизајн: Милчо Александров.