Ова е бенгалската мачка Суки која го прошета половина свет (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 3:29 PM

Ова е бенгалската мачка Суки која го прошета половина свет (ФОТО)

Мартина Гутиреунд и Кени Хилденбрандт биле скршени откако нивната 19 годишна мачка починала, но утеха нашле во Суки. Станува збор за бенгалска мачка која природно има авантуристички дух. Затоа долго време не се двоумеле и во 2018 година одлучиле заедно со мачката да го обиколат светот.

https://www.instagram.com/p/B_slsTrArRR/

„Суки посетила 13 земји вклучувајќи ја Канада, Америка, Мексико, Германија, Италија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Франција, Словенија, Чешка, Австрија и Луксембург“, изјавила Мартина за „Inspire More“ на почетокот на патувањето.

https://www.instagram.com/p/Bxz8LJIgOpc/?utm_source=ig_embed

Повеќето наведени земји ги пропатувала во само два и пол месеци, колку што траел нивниот престој во Европа.

https://www.instagram.com/p/CBGgQXpgtQ-/

Мартина и Кени планираат нови патувања, но пандемијата со корона вирусот ги натера да почекаат. До тогаш на Инстаграм објавуваат фотографии од оваа чудна мачка од земјите кои ги посетила.

https://www.instagram.com/p/CCEYpc8APKe/

Преземено од: https://www.index.hr/