Нова „експлозија“ во Либан, овој пат граѓанска: Конфликтите уште траат, народот бара оставка од високите претставници – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 1:55 PM

Нова „експлозија“ во Либан, овој пат граѓанска: Конфликтите уште траат, народот бара оставка од високите претставници

Демонстрантите во Либан и понатаму протестираат, неколку часа откако бројни заменици си поднеле оставки, тие извршија упад во Министерствата за надворешни работи, економија, енергетика и комуникации, како и во Здружението на банки во главниот град Бејрут.

Според извештајот на Црвениот крст, 63 повредени лица се хоспитализирани и 175 биле третирани од страна на Црвениот крст како резултат на конфликтот.


„Бејрут е разоружан град … главен град на револуцијата“, беше слоганот откако тие побараа да бидат изведени одговорните за експлозијата во пристаништето во Бејрут, во исто време барајќи да се формира меѓународна истражна комисија. Демонстрацијата беше наречена „Ден на пресметување“.

Внатрешните безбедносни сили на својот официјален профил на Твитер изјавија дека „го разбираат огромниот гнев на демонстрантите“ и побараа од нив да се воздржат и мирно да го изразат своето незадоволство без да напаѓаат јавен имот или не им се закануваат на неговите службеници.

Нихад Салма, адвокат кој учествуваше на протестот, изјави „да не се вмеша би бил граѓанин кој „го видел масакарот како се шири во Либан“ и дека „ниту еден службеник не сака да стави крај на оваа неправда“.


Бројни либански законодавци поднесоа оставка на 8-ми август, по експлозијата што го потресе главниот град четири дена претходно.

Според извештајот на либанското Министерство за здравство, повредени се над 6.000 лица, 160 се убиени, а 80 се водат како исчезнати.

Преземено од: https://www.alo.rs/