Министерот за здравство Венко Филипче повторно се врати во операционата сала. Како што објави на неговата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук со фотографии, тој со колегите од Неврохирургија утринава извршиле успешна операција кај дваесет и деветгодишна пацинетка
„Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, напиша министерот на Фејсбук.