Се трага по три исчезнати лица во Велес, Гостивар и Куманово на возраст од 20, 24 и 52 години – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 12:46 PM

Се трага по три исчезнати лица во Велес, Гостивар и Куманово на возраст од 20, 24 и 52 години

Според денешниот билтен на Министертсвото за внатрешни работи вополициски станици во  Велес, Куманово и Гостивар биле пријавени исчезнати три лица.

Еден час после полноќ во СВР-Велес, Ф.Р.(43) од Велес пријавил дека на 07.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Р.(24). Во истиот временски интервал во Полициската станица Гостивар Ф.А.(27) од Гостивар пријавил дека на 06.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечил неговиот татко Н.А.(52).

Додека вчера во 22,15 часот во СВР Куманово Н.Ј.(43) од Скопје пријавил дека на 07.08.2020 во непознат правец се оддалечил неговиот син Р.Ј.(20). Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.