Утрово во 9 часот и 10 минути во СВР Скопје било пријавено дека на бул. “АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. На социјалните мрежи се појави и видео од пожарот на возилата паркирани на паркинг место на булевар „АСНОМ“ во Ново Лисиче.
Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило “сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема.
Се работи на расчистување на случајот.