Двајца соселани во Кичево меѓусебно физички се преметале – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 11:50 AM

Двајца соселани во Кичево меѓусебно физички се преметале

На булеварот „Ослободување” во Кичево, синоќа околу 21:40 часот, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 36-годишниот Б.Р. врз лицето Џ.М. 49-годишен, двајцата од кичевското село Долно Строгомиште.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.