Болшој тетарот во Русија ќе му пркоси на корона вирусот: Ја најви новата спектакуларна сезона – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 9:44 AM

Болшој тетарот во Русија ќе му пркоси на корона вирусот: Ја најви новата спектакуларна сезона

Голем број од оперските куќи во светот, поради пандемијата со корона вирусот се уште не планираат нови изведби, а московскиот Болшој театар, пркоси на се, ја најавија 245 сезона со сепктакл на 6 ти септември.

Вердиевиот „Дон Карлос“ ја донесе на оваа сцена една од најголемите ѕвезди на денешницата, сопранот Ана Нетрепко, русинка која е прославена на сите меридијани. Со неа ќе пее и нејзиниот сопруг, тенорот Јусиф Ејвазов. Веќе во октомври, во Болшој ќе настапи и најславниот тенор на денешницата Пласибо Доминго и тоа два пати, во операта „Манон Леско“ на Џакомо Пучини која ќе се одржи на 21 во октомври, а три дена потоа и на гала концертот.

Прочуената сеозна на балетот во Болшој театарот ќе започне на 12 ти септември, кога „Дон Кихот“ ќе биде изведе за здравствените работници, хероите на пандемијата кои ќе бидат во публика. Балетот ќе одбележи и неколку значајни годишници. Првата половина од сезоната ќе биде посветена на 180 годишнината од Петар Илич Чајковски,  па на репертоарот ќе се најде и „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Заспаната убавица“.

Во ноември ќе биде одбележан 80 годишниот роденден на славниот балетски танчер Владимир Васијеев, чија прослава поради ширење на корона вирусот не се одржа во април, кога всушност тој наполни осум децении. Гала концертот закажан за на 20 ти ноември ќе биде посветен на примабалерината на сите времиња Маја Плисечка (1925 – 2015) година која е родена на тој датум, пред 95 години.

Од балетските премиери кои не се одржале минатата сезона, се планира повторно да бидат поставени како три единечни претстави на три млади кореографи, „Ловци на бисери“ од Жорж Бизет, а меѓу оперите ќе бидат дела на Штраус, Шостакович, Чајковски и Хандел.

Преземено од: https://www.novosti.rs/