Во пожар во индиски хотел кој се користел за ковид позитивни пациенти настрадале седум заболени, информираат официјани лица.
Пожарот избувнал во 5.00 часот утрово во хотелот „Сварна“ во градот Ваџајвад во државата Прадеж.
Спасувачките екипи ги евакуирале заболените во повеќе катната зграда, изјавил висок полицикси службеник.
Според неговите зборови најмалку 22 луѓе се префрлени во болница.
Пожарот е под контрола, но чад и понатаму излегува од зградата, а причината за избувнување на пожарот најверојатно е краток спој, изјавил високиот полицискиот службеник.
Индискиот премиер Нарендра Моди изразил сочувство и ветил дека на преживеаните ќе им биде пружена секаква можна поддршка.
Ова е втор ваков инцидент овој месец во Индија. Во четвртокот осум луѓе настрадале во пожар во одделението за интензивна нега во приватна болница за Ковид 19.
Преземено од: http://rs.n1info.com/