Обележани 75 години на американското атомско бомбардирање во Нагасаки – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 8:55 AM

Обележани 75 години на американското атомско бомбардирање во Нагасаки

Во Јапонскиот град Нагасаки денеска се одбележува 75 годишнината од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна.

Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од трагиченото, разурнувачко случување испратиле апел до светските лидери повеќе да се ангажираат со цел атомското оружје да биде забрането во целиот свет, пренесува AP.

Точно во 11.02 по локално време, во во исто време како што беше пред 75 години американскиот бомбардер B-29 испуштил атомска бомба во Нагасаки, преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање и голем број нз официјални лица оддале почит кон сите жртви со едно минутно молчење.

Во бомбардирањето на Нагасаки на 9 ти август загинале 70.000 луѓе, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба била фрлена и на Хирошима и таму загинале 140.000 луѓе.

Шест дена подоцна, на 15 август 1945 година Јапонија потпиша капитулација со што заврши Втората светска војна.

Многу преживеани заболеле од канцерогени и други болести бидејќи биле изложени на радијација и лоши услови на живеење во уништена и повоена Јапонија.

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиз Тауе ја прочитал мировната декларација во која е изразена загриженост поради нуклеарните закани.

Тој побарал и од владата на Јапонија по итно да пристапи кон договор за забрана на нуклеарно оружје, оценувајќи дека на светот му се заканува се поголема опасност од нуклеарна катастрофа.

Преземено од: https://www.novosti.rs/