Ново видео од експлозијата во Бејрут се појави на интернет (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 8:30 AM

Ново видео од експлозијата во Бејрут се појави на интернет (ВИДЕО)

Ново видео кое го покажува моментот на смртоносната експлозија во Бејрут се појави на интернет.

На кратката снимка која е објавена од „Раша Тудеј“ се гледа како граѓаните на Бејрут гледаат во големиот облак од густ чад во облик на печурка, која го произведе првата експлозија, а малку подоцна се слуша многу силна и гласна експлозија.

Бројката на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут која се случи во вторникот порасна на 158, а повредени се повеќе од 6.000 луѓе, соопшти либанското министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се води како исчезнато.

Страшната експлозија во бејрутското пристаниште ја предизвика повеќе од 2.700 тони анониум нитрат кој шест години е чуван во складишта, откако бил конфискуван од страна на царинската служба.

Преземено од: https://www.kurir.rs/