Најмалку 83 повредени при експлозијата на митинг на етиопскиот премиер Ахмед – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/18 1:36 PM

Најмалку 83 повредени при експлозијата на митинг на етиопскиот премиер Ахмед

Во експлозијата во Адис Абеба што се случи за време на говорот на етиопискиот премиер Аби Ахмед, повредени се 83 луѓе, од кои шестмина се во критична здравствена состојба.

Нема информации за загинати лица.

Претходно, премиерот Ахмед изјави дека при експлозијата загинале неколку лица. Тој додаде дека станува збор за „добро оркестриран напад“ што не успеал, но никого не обвини за инцидентот.

Сејум Тешом, еден од организаторите на митингот изјави дека непознато лице се обидело да фрли граната на бината на која се наоѓаше етиопискиот премиер. Тој истакна дека по нападот уапсени се три лица – двајца мажи и една жена.

Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собрале да му изразат поддршка на премиерот Ахмед и реформите што тој ги најави откако беше избран во април. Ахмед ослободи стотици политички затвореници и започна преговори за запирање на непријателствата со Еритреја.

Извор: МИА