Овој природен антибиотик има моќно антиинфламаторно дејство, ги убива бактериите и сите инфекции. Неговата предност е што, за разлика од синтетичките антибиотици, не предизвикува никакви несакани ефекти за цревниот тракт и дигестивниот систем, што значи дека е апсолутно безбеден.
Куркума содржи активни соединенија со повеќе од 150 лековити својства, вклучувајќи анти-канцер, антиинфламаторно и антиоксиданс. Користејќи ја комбинацијата мед и куркума, ќе го подобрите варењето на храната и ќе го зголемите бројот на корисни бактерии во цревата.
Состојки:
100 гр мед
1 лажица куркума во прав
Измешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса и ставете ја во тегла.
Ако забележите симптоми на настинка, започнете со употреба на овој лек веднаш на следниов начин:
Прв ден – половина лажичка секој час.
Втор ден – половина лажичка на секои два часа.
Трет ден – половина лажичка 3 пати на ден.
Препорачливо е да не гон голтате лекот, туку да го оставите да се раствори во устата. Ако не ви се допаѓа неговиот вкус, секогаш можете да додадете топло млеко или чај во смесата.
Секако,пред да почнете со употреба на лекот, консултирајте се со вашиот матичен лекар дали според симптомите што ги имате навистина станува збор за настинка.
Извор: Здраве.то