Ако се заразите на нивниот лет, компанијата плаќа болнички трошоци, во случај на смрт го плаќа и погребот – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 11:54 PM

Ако се заразите на нивниот лет, компанијата плаќа болнички трошоци, во случај на смрт го плаќа и погребот

Авиокомпанијата „Емирати“ се обврза да ги плати сите медицински трошоци до 150.000 евра во случај патникот да се зарази во нивниот авион. Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, исто така, вети дека ќе плати 100 евра на ден за трошоци за карантин и хотелска соба за две недели, а во случај да умре пациентот, „Емирати“ ќе плати и погребни трошоци до 1.500 евра.

– Тоа е инвестиција од наша страна, но ние ги ставаме на прво место нашите клиенти и веруваме дека тие ќе ја поздрават оваа иницијатива – рече генералниот директор на „Емират“, Шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум.

Емирати не е единствената авиокомпанија која нуди медицинско осигурување. Овие потези се последица на сериозната погоденост на воздухопловната индустрија поради пандемијата на коронавирус. Емирати забележаа пад на побарувачката од 90 проценти, изјави претседателот на авиокомпанијата, Тим Кларк.

Покрај тоа, ова е една од најтешко погодените авиокомпании затоа што лета само на меѓународно ниво, а меѓународните патувања се спуштија на минимум.

Сепак, понудата за отплата на погребот е „проблематична“ во однос на маркетингот, бидејќи во спротивно авиокомпаниите не сакаат поимот смрт да биде поврзан со нивниот бренд.

Сепак, ризичните времиња бараат ризични мерки, особено кога се знае дека авиокомпаниите летаат со само 20 до 30 проценти од вкупниот капацитет, јавуваат светските медиуми.