Бебето кое се роди предвреме со само 920 грама, а чија мајка почина веднаш по породувањето во КЦ Ниш од последиците од вирусот корона, го доби името Александар. Бебето е стабилно и сè уште е во инкубаторот и е под постојан медицински надзор. Неговиот татко, Бранислав Ивановиќ, вели дека секој ден се моли за неговиот син да се опорави и да се врати дома. Како што вели, тоа е негово единствено сеќавање за неговата покојна сопруга Бранкица.
– Секој ден одам во Клиничкиот центар за да дознаам како е мојот син. Сега сè што е важно е дека тој да закрепне. Не можам да го видам заради епидемијата. Тој е на интензивна нега и би било навистина опасно да дојде во какви било контакти, не дај Боже, инфекција или болест. Јас ќе издржам, ќе бидам трпелив, тој е сè што имам. Го чекам денот тој да излезе од болницата, за заедно да си одиме дома – вели Ивановиќ.
Од ден на ден, додава тој, може да се забележи одреден напредок, но сè уште е рано за прогнози. Сепак, најважно е што нема влошување.
-Лекарите велат дека тој станува се подобар и дека е борец. Сите лекари се со него, сите прават сé што можат. Тој сè уште е во инкубатор, затоа што е роден на почетокот на седмиот месец и тежеше само 920 грама, но сега убаво напредува – вели соговорникот.
Лекарите: Бебето е стабилно, борбата продолжува
Малиот Александар, стар само 12 дена, сè уште е во инкубатор во Клиничкиот центар Ниш во детската клиника на интензивна нега. Според лекарите, неговата состојба е стабилна.
– Борбата се уште трае. Се надеваме на најдобар исход. Тој е стабилен и важно е да нема влошување. Тој е под постојан надзор на лекарите на чело со неонатолозите. Имаме борба пред нас, но сите го поддржуваме затоа што тој е храбар и голем борец – велат во КЦ Ниш.
За потсетување, мајката на малиот Александар е од Куманово, но мажена во Врање. Поради зараза со корона беше префрлена во болница во Ниш, каде почина. Иако била мажена во Врање, сепак, документите се уште не и биле средени, па погребот бил во Куманово. Нејзиниот сопруг, кој е државјанин на Србија не го пуштиле на граница за да присуствува на погребот, бидејки на енот на ппогребот се уште не му биле стасани резултатите од тетот.
„Македонците не ме пуштија да појдам на погребот на мојата Бранкица, да се збогувам со неа за последен пат, да и кажам збогум! Брука и срамота!“, изјавуваше тој за српските медиуми.
– Не знаев дека погребот ќе биде толку брзо. Отидов да се тестирам, но документот со негативен тест ПЦР не пристигна и не можев да патувам. Македонците можеа само да ме пуштат да одам на еден час, ако е потребно со полициска придружба! Боли многу што не ја испратив мојата Бранкица на вечното патување. Не ми дозволија да ја видам последен пат, да се збогувам. Само да ми дозволеа да се приближам на десет метри, да бидам близу до неа. Само малку да се потрудеа да бидат луѓе.Бев целосно шокиран и луд што сопругата веќе ми ја нема, а сепак морав да бркам разни документи, затоа што таа беше македонски државјанин. Не го знаевме датумот на погребот веднаш, па затоа не би значело ништо и ако бев тестиран веднаш. Тие не ги признаваат брзите тестови, само ПЦР! Кога дознавме дека погребот ќе биде на 30 јули во Куманово, веднаш се тестирав. За жал, тестот не можеше да се направи толку брзо, но тие можеа да направат исклучок! Тие можеа да проверат во базата на податоци дека сум бил тестиран, да се поврзам со нашите органи, би можеле да ме пуштат да одам на одредено време. Нека ме однесат на гробиштата, со полициска придружба, доколку е потребно. Тие можеа да ме чуваат. Сè што треба, само за да бидам на нејзиниот погреб. Поради тоа чувствувам голема болка, велеше очајно Бранислав.
Извор: kurir.rs


