Стоела покрај сопругот дома кога се случила експлозијата- Почина сопругата на холандскиот амбасадор, тешко повреедена во несреќата во Бејрут – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 8:16 PM

Стоела покрај сопругот дома кога се случила експлозијата- Почина сопругата на холандскиот амбасадор, тешко повреедена во несреќата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина во саботата од последица од повредите здобиени во големата експлозија во пристаништето во Бејрут, што се случи во вторникот.

Хедвиг Волтманс-Молиер (55), сопруга на холандскиот амбасадор во Либан, беше сериозно повреденаво стравичната експлозија што го зафати Бејрут. Во тој момент, таа стоела покрај нејзиниот сопруг, амбасадорот Јан Волтманс, во дневната соба на нивната куќа во тој град, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

Експлозијата предизвика голема материјална штета на зградата на холандската амбасада, при што повредени се четири лица, пренесува Ројтерс.

Извор: n1info.com

Фото: dutchculture.nl/