Во паника скокаа од прозор- Најмалку 10 загинати во пожар во зграда во Чешка – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 8:03 PM

Во паника скокаа од прозор- Најмалку 10 загинати во пожар во зграда во Чешка

Најмалку 10 лица загинаа во пожар во станбена зграда во северо-источниот чешки град Бохум, соопшти полицијата.

https://twitter.com/Atlantide4world/status/1292166231919919105

Пожарот избувна попладне на 11-ти кат од зградата, која има 13 ката. Пожарникарите велат дека неколку лица се обиделе да го избегнат пожарот скокајќи низ прозорецот.

Еден пожарникар е повреден, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек, пренесува АП.

Причината за пожарот се истражува.

https://twitter.com/NewsKali/status/1292163842903089153?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1292163842903089153%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FGmjx8yJ6k%2F

Извор: blic.rs