Во Виетнам со кафе може да се добие и мачка – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 3:42 PM

Во Виетнам со кафе може да се добие и мачка

Кафуле во виетнамски Ханој не служи само да во него може се напиете кафе. Сопственикот таму чува напуштени мачки, кои посетителите можат да ги галат, хранат, или ако сакаат да ги вдомат.

Кафичот моментално е живеалиште на петнаесетина напуштени или повредени мачки.

„ Пробувам да им помогнам на мачките кои се во неволја, да им ги излечам физичките и психичките повреди“, рече вчера по повод меѓународниот ден на мачките кој се одбележува денес, сопственикот на кафулето Нгујен Тан Бин (24).

Тој мачките ги трга од улиците и им дава засолшниште во надеж дека тие ќе успеат да најдат и нов дом.

Брзо ги привлекол пријателите на овие животни, откако го отворил кафичот минатиот месец.

„ Кога доаѓам во овој кафич, си играм со мачките, ги слушам и сочуствувам со нив“ , рече Ле Хоанг Јен, 20-годишен студент.

Во Виетнам мачките се домашни миленици но, има религии во кои се продава нивното месо. Крадците на мачки ги препродаваат во тие подрачја за храна.

Нгујен Тан Бин одлучил да отвори простор во кој би им помагал на мачките, откако ги видел по кафезите, повредени од ловците кои пробувале да ги фатат.

Се надева дека клиентите во неговиот кафич, некои од нив ќе ги одведат и дома.

 

 

извор : rs.n1info.com

Фотографија : илустрација