Бил Гејтс: Колку се умира од Корона, ќе се умира и од климатски промени – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 11:07 AM

Бил Гејтс: Колку се умира од Корона, ќе се умира и од климатски промени

Бил Гејтс со години предупредуваше за потенцијалната опасност од смртоносен вирус што може да однесе милиони животи и на глобалната неподготвеност за пандемија.

Повеќето луѓе само мавтаа со рацете на овие предупредувања, мислеа дека тоа е сценариото на филм за катастрофи, но не и оние што би можеле да ги доживеат во реалниот живот. Ситуацијата со коронавирусот покажа дека Гејтс, за жал, беше во право, и додека некои ги слушаат неговите совети како да се бори против пандемијата, теоретичарите на заговор го гледаат како главен ум зад „лажната“ пандемија со цел присилно вакцинирање и чипирање на луѓето.

На својот блог оваа недела, Гејтс предупреди на уште една голема опасност што на крајот може да стане погубна и поопасна од коронавирусот. Ова е многу актуелна тема последниве години – климатските промени. Губењето живот и пропаста предизвикана денес од пандемија во иднина може да биде предизвикана од климатските промени.

Гејтс дошол до тој заклучок врз основа на стапката на смртност од коронавирусот, што, како што напишал на својот блог, изнесува 14 лица на 100 000 луѓе. Поради порастот на температурата во текот на следните 40 години, се очекува истото зголемување на смртноста како кај короната. До крајот на векот, тие бројки ќе продолжат да се зголемуваат, па стапката на смртност од 14 треба да се зголеми на 73 лица на 100.000 луѓе. Но, доколку се намалат емисиите на стаклени гасови, се очекува смртност од 10 лица на 100.000 луѓе. До 2060 година, климатските промени би можеле да станат смртоносни како Ковид -19, а до 2100 година може да биде пет пати повеќе смртоносна, напиша Гејтс.

Економското влијание на климатските промени ќе биде како пандемија да се јавува еднаш на секои десет години затоа што трошоците направени поради климатските промени и инвестициите за намалување на негативните ефекти од климатските промени ќе бидат многу големи.

Извор: srbijadanas.com