Пред неколку дена во Хрватска една крава на фарма во Феричанци (Осиечко-барањска жупанија) отели четири телиња – три женски и едно машко. Шнасите за такво нешто се еден спрема 11 милиони, пишуваат хрватски медиуми.
Кравите главно се отелуваат со едно до две телиња. Четворкте се огромна реткост. На пример, последен таков случај е забележан во Германија пред две години, јавува ТВ-Нашице, а пренесува „Ослобоџење“.
На таа фарма има околу 550 молзни крави, 250 расплодни јуници и 160 телиња. Кравата што отели четворка е под ветеринарен надзор и на терапија, а ќе се направи и ДНА-анализа на телињата за да се отстрани опасноста од близначка неплодност.