Ќе зборуваат за денешното време: Музејот во Љубљана собира експонати за короната – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 8:27 AM

Ќе зборуваат за денешното време: Музејот во Љубљана собира експонати за короната

Нешто по појавата на коронавирусот во Словенија и воведувањето заштитни мерки, Музејот на градот Љубљана почна акција за собирање фотографии, видео-снимки и други материјали заради што подобар увид во животот во главниот град на Словенија во текот на пандемијата.

Иницијативата наречена „Короната во музеите, веднаш“, има за цел да им покаже што значела пандемијата во Љубљана на идните генерации, пренесува словенечката агенција СТА.

Досега 55 луѓе приложиле околу 1.000 фотографии и видео-записи, Музејот примил и текстови кои ги пренесуваат впчатоците за затворањето на земјата и новото секојдевие. Предметите се „изложени“ на веб-страницата на музејот.