Многумина кои сакаат да возат велосипед се одлучуваат за возење во природа и уживање во прекрасниот поглед. Една од таквите патеки е и онаа во Хатај, во Турција, на делницата Самандаг-Арсуз, долга 26 километри, која се простира долж брегот, објавува „Анадолија“.
Целта на локалните власти беше да се овозможи организирање државни и меѓународни активности, но и промовирање на туризмот на тоа подрачје.
Оваа велосипедска патека е отворена минатиот месец, и тоа со присуство на помошник-министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли, а поради тоа што се наоѓа на делницата долж брегот го привлекува вниманието на многумина вљубеници во природата.
Целта е рутата да ги привлече туристите на тоа подрачје, но и на неа да се организираат велосипедски активности како на државно така и на меѓународно ниво.
Гувернерот Рахми Доган изјави дека станува збор за делница од 26 километри.
„На патот Самандаг-Арсуз, ја направивме најдолгата непрекината велосипедска патека на светот. Земајќи ги предвид двете насоки, тоа е патека од 52 километри”, рече Доган.
Тој најави дека во скоро време тука ќе бидат организирани низа активности.
Доган рече и дека на социјалните мрежи добиле многу прашања за системот за изнајмување велосипеди.
Појасни дека станува веќе работат на тоа и дека турската Зелена полумесечина би требало да донира 50 велосипеди за воспоставување на системот.
Доган рече и дека на спомнатата патека би требало да бидат оформени пет рекреациски точки, за што соработуваат со Дирекцијата за шумарство.
„Најголема предност на рутата е тоа што е покрај море и што е непрекината. Тука луѓето уживаат возејќи велосипед помеѓу морето и планините”, истакна тој.