Во Италија ќе ги сечат клупите заради дистанца меѓу учениците – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 6:57 AM

Во Италија ќе ги сечат клупите заради дистанца меѓу учениците

Училиштата во Италија ќе ги сечат клупите на два дела за да има растојание меѓу учениците.

Повеќето италијански училишта користеле „старомодни“ долги клупи кои не одговараат на мерките на социјална дистанца. Наставниците треба да носат маски и визири, а учениците маски. Училниците ќе се дезинфицираат неколкупати дневно, а часовите ќе бидат во помали групи.

Министерството за образование на италијанскат Влада објави во јули објави европски тендер за три милиони индивидуални клупи, кои треба да пристигнат во училниците до 8 септември, објавува Си-Ен-Ен.

Но, многу италијански области се загрижени што клупите нема да пристигнат пред почетокот на учебната година  и решија да ги сечат старите дрвени клупи.