Водата и нашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 9:21 PM

Водата и нашето здравје

Сите знаеме дека водата е неопходна во нашиот живот, бидејќи телото се состои од 70 проценти вода. Луѓето, растенијата и животните не можат да преживеат без вода. Во продолжение прочитајте кои се бројните придобивки од водата, како најважен елемент на светот. Ако сакате вашето тело да биде здраво, не смеете во ниту еден момент да го лишите од овој драгоцен елемент. Како додаток на здравјето, водата може да ви биде од голема помош доколку сакате да ги намалите килограмите. Причината лежи во фактот дека водата го потиснува гладот. Според некои истражуваа, луѓето коишто не пијат доволно вода, многу полесно може да се здебелат за разлика од оние кои на дневна основа внесуваат доволно вода во својот организам. Уште една придобивка од редовното пиење вода, е тоа што на овој начин вашето тело ќе биде хидрирано, а мускулите добро равиени.

Придобивки од водата со лимон

Некое експерти исто така препорачуваат редовно да се конзумира вода со лимон, бидејќи оваа комбинација нуди низа придобивки.

Лимонот е еден од најдобрите извори на калиум, што пак води кон подобро функционирање на срцето и мозокот. Комбинацијата на вода со лимон влијае позитивно на имунитетот бидејќи на телото му се обезбедува високо ниво на Ц витамин Со ова, се елиминираат токсините. Водата со лимон може да ви помогне во борбата со разноразни вируси. Ова е уште еден од неверојатните факти што ја прави водата со лимон лек. На крајот би можело да се истакне дека водата со лимон помага да се елиминираат наталожените нечистотии од вашата кожа. Антиоксидантите кои ги содржи сокот од лимот ќе ви помогнат и да се ослободите од брчките, а кожата да биде посјајна.

 

Извор:  zenskikutak.hr