(видео) Авион се излизга од писта во Индија, најмалку тројца мртви – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 6:56 PM

(видео) Авион се излизга од писта во Индија, најмалку тројца мртви

Авион на компанијата „Аир Индија“ се излизга од пистата и се преполови на два дела при слетувањето на меѓународниот аеродром Кажикоде, пишува „Си-Ен-Ен“.

Најмалку три лица се загинати – пилотот и двајца патници.

Како што се наведува во извештајот на Дирекцијата на цивилното воздухопловство, аАвионот слетувал за време на пороен дожд, се излизгал на пистата и излетал во долина по што се преполовил.

 

Во авионот „Боинг 737“ имало 174 патници, 10 новороденчиња, двајца пилоти и четири членови на екипажот.

Индискиот премиер на твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите.