Паузата поради пандемијата на коронавирусот, остави доволно време да се стави прст на глава и да се размисли „што понатаму“. Многумина сметаа дека големи суми на трансфери и практички купувањето на успех ќе се намали, а во блиска иднина и целосно нема да постои. Но сепак, фудбалот останува арена во која богатите ќе се се натпреваруваат меѓусебно на сметка на помалите и посиромашни клубови.
Во насока на намалување на огромните разлики помеѓу „големите“ и „малите“ и во насока на враќање на фудбалот на корените, англиската трета лига League One и англиската четврта лига League Two, едногласно донесоа одлука на воведување еден познат метод и начин на функционирање, позајмен од еден друг популарен спорт, имплементиран до совршеност.
„Salary cap“ е новината која од следната сезона ќе заземе место во овие две пониски англиски дивизии и ќе служи за доведување на тимовите кои партиципираат во колку што е можно повеќе еднаква стартна позиција и рамноправен третман.
Одлуката за воведувување на финансиската контрола во форма на „салари кап“, формата која е со години применувана во НБА кошаркарската лига и навистина ја зголемува компетитивноста и намалува јазот помеѓу побогатите и помалку богатите франшизи, донесена е едногласно.
На денешниот состанок предлогот бил 2.5 милиони фунти „селари кап“ за League One и 1.5 милиони фунти за League Two. Предлогот е прифатен и од 2020/21 стапува на сила.

Челниците на лигите велат дека ова правило, меѓудругото ќе помогне да се адресираат проблемите во врска со самоодржливост на екипите и инфлацијата на платите во лигите. Освен тоа, ќе бидат опфатени сите даноци, бонуси, пари исплатени на агенти и останат финансиски надоместок исплатен директно или индиректно на регистрираните играчи.
Плаќањата кои тимовите би ги добиле како награда за промоција во лига или перформанс во куп натпреварување, ќе бидат изземени од од „капот“.
Извршниот директор на EFL, Давид Болдвин, кажа дека терминот може поинаку да биде протоклуван, како рестриктивен и штетен, но објасни дека во суштина е сосема спротивен од тоа и дека придонесува за поголем фер-плеј во фудбалската игра.
-Поимот „salary cap“ е емотивен и создава импресија дека се работи за строга рестриктивна мерка, но тоа не е во суштина точно. Финансискиот импакт на Ковид-19 ги погоди и клубовите од овие англиски дивизии и денешното гласање ќе помогне да им се даде своевидна сигурноср на тие клубови и ќе придонесе кон поголема финансиска стабилност, изјави Болдвин.
Идејата не застанува тука и во овие лиги. Втората по квалитет англиска дивизија, Чемпионшип, исто така се споменува како лига во која следно ќе биде воведен овој концепт. Во јули годинава клубовите од Чемпиошип одржале прелиминарни разговори во врска со „капот“ од 18 милиони фунти и можноста постои уште од следната сезона да биде имплементирано.
Претседателот на EFL, Рик Пери, претходно изјави дека сите 72 екипи од пониските лиги се соочуваат со 200 милионска финасиска дупка предизвикана од коронавирусот.
Останува прашањето, дали овој начин на делување ќе биде апликативен само за овие екипи од пониските англиски дивизи и дали ова претставува таканаречен пробен балон, пред ова да стане вообичаена пракса во најдобрата светска фудбалска лига, Премиер Лигата.


